Инвазијата на џиновски црви во Франција ги шокира научниците

Гигантските црви со голема глава, кои потсетуваат на морски кучиња, стигнаа во Европа и ги шокираа француските биолози. Имено станува збор за вид кој може да нарасне до повеќе од 30 сантиметри во должина, изворно живее во Азија, во исклучително влажна и топла клима, па затоа на никому не му е јасно како се појавиле во европските градини.

Биологот Пиере Грос во својата градина забележал ваков црв па му испратил фотографија на Жан Лу Џастин, професор по биологија. Една недела подоцна, Грос му испратил на професорот уште една фотографија, на која се наоѓа друг вид на голем црв.

Кога ја испратил третата фотографија, проф. Џастин мислел дека станува збор за некоја шега, претпоставувајќи дека Пиере ги донесол црвите од некое патување.

Џастин и неговите соработници преку медиумите побарале од граѓаните да испратат фотографии доколку воочат вакви црви. При прегледот на голем број материјали кои стигнале од граѓаните, на научниците им станало јасно дека ваквите големи црви веќе подолго време се наоѓаат на овој континент.

Црвите се наречени чекичари, поради обликот на главата кој потсетува на ајкулите чекичари. По петгодишното истражување Џастин изјавил: “Сега знаеме дека овие црви ги има насекаде низ Франција”.

Овие црви се предатори кои живеат во топлите краеви и се ханат со глисти. Телото им е меко и произведува мала количина на отров тетродотоксин со кој го парализира својот плен пред да го изеде.

Инвазивните видови на црви долги по неколку сантиметри биле забележани и во Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Бразил и Австралија. Меѓутоа, единствено во Франција биле откриени џиновски црви со големина до 27 сантиметри. Два откриени вида им се потполно непознати на научниците и се уште не се именувани.

Џастин верува дека џиновските црви во Франција живеат веќе 20 години: „Сѐ уште сум шокиран. Не разбирам како е ова можно“.

Поддржете ја нашата работа: