Италијанскиот супервулкан може да ја уништи Земјата!

Италијански и француски експерти од Институтот за геофизика и вулканологија во Болоња велат дека вулканот покажува јасни знаци на будење.

„Доколку се загреат околните хидротермални карпи, можат да ја изгубат својата механичка отпорност и да предизвика движење накај критичните точки” – вели истражувачот Џовани Чиодини за „AFP“.

Се’ уште не е јасно кога вулканот би можел да еруптира, велат истражувачите, но голем проблем е тоа што Неапол и околината се доста густо населени, а би биле првата мета на вулканот.
Ерупцијата од овој вулкан би можела да загрози 500.000 жители кои живеат во непосредна близина, а пепелта која би дошла во атмосферата може да ја промени и климата на Земјата.

Досега вулканот имаше три ерупции, една пред 35.000 години, втора пред 12.000 години, и една помала во 1538 година.

campi_flegrei_1024

Поддржете ја нашата работа: