Како двојно да ја подобрите меморијата ?

Едно истражување спроведено од Медицинскиот центар на Универзитетот Радбуд во Нијмеген, Холандија, покажалa дека секој може надпросечно да ја усоврши својата меморија, незавсно од големината и структурата на неговиот мозок.

Снимките со магнетна резонанца покажале дека секој може да ја подобри меморијата со примена на една едноставна техника, позната како „Палата на меморијата“, што ја практикувале уште старите Грци и Римјани.

Се работи за техника каде треба да се замисли одреден, добро познат простор, во кој треба да се сместат различни поими.

На пример, ако сакате да ја запомните листата за пазарување,  може да ја замислите својата дневната соба, во која на одредени места, во мислите ќе поставите одредени предмети од  листата. Се што треба да направите е да се сетите на кое место што сте ставиле и на тој начин многу полесно ќе се потсетите на листата во меморијата.

mind palace Archives | MuggleNet

Учесниците во истражувањето, секој ден по 30 минути вежбале да запомнат различни  зборови. Им биле потребни 40 дена, двојно да ја зголемат својата меморија. Поедини учесници, со просечни мемориски способности, а кои претходно немале никаков тренинг, на почетокот во просек запомниле 26 збора, додека на крај на експериментот 62 збора.

Четири месеци подоцна, без дополнителен тренинг, учесниците и понатака имале подобрена меморија.

„Кога ќе се запознаете со оваа стратегија и знаете како да ја примените, може да имате добра меморија и без понатамошен тренинг“- вели др. Мартин Дреслер, професор по когнитивна неврологија.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.