Како изгледа мозокот на лице заболено од Алцхајмерова болест

Видеото, кое е објавено од страна на Универзитетот во Ланкастер во Велика Британија, ја покажува разликата помеѓу нормалниот, здрав мозок и мозок на лице кое страда од Алцхајмерова болест.

Здравиот мозок содржи десетици милијарди неврони, специјализирани за обработка и пренос на информации по пат на електрични и хемиски сигнали. Тие испраќаат пораки помеѓу различните делови во мозокот и од мозокот до мускулите и другите органи во човечкото тело. Алцхајмеровата болест ја нарушува оваа комуникација, што доведува до губење на функциите и смрт на клетките.

За да ја претстават ваквата разлика, научниците објавиле видео на кое може да се види дека здравиот мозок наборите се полни и густо распоредени. Од друга страна, на заболениот мозок, наборите се тесни, додека каналите помеѓу секој набор се шират.

Поддржете ја нашата работа: