Ексклузивни фотографии од капсулата и ракетата што ќе го однесат човечкиот род на Марс.
Програмата Орион на НАСА, вредна 18 милијарди долари ќе ги однесе луѓето на Марс некаде околу 2030-тата година. Агенцијата за прв пат ги отвори вратите на своите три објекти низ земјата, со што ни овозможија екслузивен поглед во изградбата на капсулата и ракетниот систем што ќе не однесат таму.
Тестирање под притисок
Намената на леталото Орион е да носи луѓе подалеку од кога било порано, на тој начин почнувајќи нова ера во истражувањето на длабоката вселена. Орион капсулата во вселенскиот центар Кенеди во Флорида ќе биде дел од првата мисија во 2018 година. За да се осигураат дека е херметички затворена, инженерите внатре пумпаат повеќе воздух отколку што е предвидено да издржи, како проверка за слаби точки во структурата, кои би можеле да го загрозат животот на екипажот.
Распоред на соларните панели
Четири соларни панели со големина од околу 7,5 метри, распоредени во форма на Х, ќе генерираат 11 киловати енергија за напојување на комјутерите, системите за одржување на животот и останатата опрема на бродот. За време на лансирањето ќе бидат собрани, а во вселената би требало да се отворат како хармоника. Во истражувачкиот центар Глен во Сандаски, Охајо, инженерите вршат тестирање на пробна верзија од панелите, за да се осигураат дека тие нема да се заглават при отворањето.
Подигање на кулата за гориво
Горе се гледа еден од петте буриња кои ќе го формираат 40-метарскиот резервоар за складирање на водород. Ракетата ќе согори околу 2,7 милиони литри течен водород (складиран на температура од минус 250 степени Целзиусови) и кислород при полетувањето. Инженерите во овој објект во Њу Орлеанс ќе ги стават готовите буриња во синото скеле од десно, а потоа ќе ги соединат со останатите делови од ракетата.
Звучно тестирање
Ракетните лансирања се многу бучни – 180 децибели и повеќе може да ги претвори човечките органи во желе. Тоа може исто така да ја уништи и вселенската капсула. Инженерите во објектот во Сандаски ја тестираат издржливоста на структурата на Орион преку удар на нејзините делови со звук од 152 децибели, во внатрешноста на најголемата акустична комора во светот.
Затворање на тешкиот товар
Со две куполи ќе се покријат врвот и дното од цилиндричниот резервоар за водород од системот за лансирање (откако дупките ќе се затворат). При полетувањето, водорoдот и кислородот ќе се судрат во внатрешноста на адаптираниот мотор на вселенскиот брод, експлодирајќи со сила која е доволна да подигне товар од околу 130.000 кг – што е за 20 проценти поголема сила од ракетата што го однесе Нил Амстронг на Месечината.