Како вештачката интелигенција може да им помогне на предвремено родените бебиња?

Најголемата годишна конференција од областа на аналитиката, која ја организира компанијата SAS, де одржа во Далас, САД, на 28 април – 1. мај.

Конференцијата секоја година собира голем број експерти кои со примери од секојдневниот живот го претставуваат влијанието на напредната аналитика, вештачката интелигенција и слично врз решавањето на деловни предизвици.

“Повторно е актуелен фокусот на податоците и аналитиката, кои произлегува од постоењето на се помоќни компјутери, поврзаниот свет и моќната технологија како вештачка интелигенција”, вели извршниот директор на компанијата SAS, Џим Гуднајт.

“Клучот е да се искористат податоците кои ги имаме на располагање за да ги решиме најголемите предизвици. SAS нуди аналитика за сите корисници и технологија. Моќната аналитика може да им помогне на нашите корисници било каде, во било која област и да се прилагоди на било колкав обем на проблем”, додава тој.

10% од сите бебиња се родени предвреме, а истите се подложни на инфекции. Со цел следење на нивното здравје, предвреме родените бебиња неретко се поврзани со голем број апарати.

Во текот на последните 10 години, Универзитетскиот медицински центар во Утрехт (UMC Utreht), собирал анонимни податоци од одделението за интензивна нега неонатологија. Така е започнат проектот “Големи податоци за малите бебиња” (Big data for small babies), со цел, користејќи напредна аналитика, машинско учење и вештачка интелигенција, поактивно да ги третира, па дури и да ги спречи инфекциите кај предвремено родени бебиња.

Користејќи ги решенијата на оваа компанија за вештачка интелигенција и напредна аналитика, тим од експерти од UMC Utreht анализирал историски податоци на уреди од одделението за неонатологија и развил аналитички модел кој ги предвидува инфекциите кај предвремено родени бебиња.

Предвидувањата ја вклучуваат и можноста за добивање на сепса. Моделот, кој е развиен со 90% прецизност може да предвиди присуство на бактериски инфекции кои се предизвикувачи на болеста. Ова е значително поголем процент од дијагностиката на лекарите која се темели на преглед и постоечки симптоми.

“Со користење на вештачка интелигенција и напредна аналитика, лекарите можат да донесат најдобра одлука како да ги лекуваат своите мали пациенти, обезбедувајќи им терапија која спасува живот притоа избегнувајќи непотребни антибиотици”, вели Данил Вајлбриеф, неонатолог на UMC Utreht.

Поддржете ја нашата работа: