Како вонземјаните би можеле да влијаат врз нашиот живот?

Досега многу работи се запишани и се снимени доста филмови за вонземјаните, особено во доменот на научна фантастика. Но што вели науката за нив од аспект на секојдневниот живот?

Дури и ако не сте обожавател на вакви теми, сигурно се прашувате како нивното доаѓање или самото нивно откритие може да влијае врз промената на нашиот живот. Не е важно дали верувате во нивното постоење или не. Доколку не сте читале научни истражувања на оваа тема, запрашајте се хипотетички и обидете се да си дадете одговор на тоа прашање.

За разлика од онаа визија која ни ја презентира Холивуд и литературните шаблони на оваа тема, научниците тврдат дека нашето секојдневие нема значително да се промени.

Во Брукингсовиот извештај од 1961 година, се тврди дека откривањето на вонземски живот може да доведе до неверојатни социјални немири. Сепак, како што кажува Алберт Харисон, психолог од Универзитетот Калифорнија во Дејвис, времињата драстично се менуваат.

Харисон, во својата научна студија тврди дека тоа нема да биде шокантно за денешните генерации, бидејќи младите луѓе се израснати со развојот на технологијата.

Денес всушност, вонземјаните за младите генерации претставуваат концепт за некој дел од културата, така што нивната појава не ја доживуваат како непозната. Харисон претпоставува дека, ако вонземниот живот воопшто постои, најверојатно ќе биде откриен во форма на микроби на Марс или сигнали од далечните планети. Тој исто така не ги отфрла големиот број на историски докази кои покажуваат дека човештвото многу лесно ќе се навикне на идејата за постоење живот надвор од Земјата.

Харисон додава дека откривањето на вонземната интелигенција веројатно предизвикала разни емоции кај луѓето, како страв и возбуда, до смиреност и ентузијазам, меѓутоа во САД и Европа, ни егзобиолошките видови, ни космичките сигнали не можат да предизвикаат масовна психолошка дезинтеграција или социјален колапс.

Спротивно од тоа, луѓето кои се наоѓаат во војна, страдаат од глад, имаат СИДА, и верниците кои цврсто ги бранат своите верувања, со сигурност не би биле загрижени за тоа, но сепак би можело да биде интересно да се види реакцијата на луѓето кои со години ги бранат НЛО-теориите, прават документарци и обожаваат научна фантастика и слични теми.

Така на пример, преку 80 посто од верниците, тврдат дека контактот со интелигентните вонземјани нема да го разнишаат нивниот личен пристап кон верата. Барем така стои во резултатите на анкетите од Тед Петерс, теолог од Пацифичката лутеранска Богословија од Беркли, Калифорнија.

Една третина од верниците сепак признава дека ќе дојде до одредена религиозна криза. Интересно, две третини од „неверниците” мислат дека тоа ќе доведе до општа верска криза.

Пол Дејвис од Државниот Универзитет во Аризона го изнесува својот концепт на „необичен живот” во кој се укажува дека животот може да постои и опстане благодарение на “хемискиот апарат”, кој се разликува од вообичаените, и тој може да постои на Земјата без наше знаење.

Биологот под покровителство на НАСА, Крис МекКеј, пак смета дека во случај на откривање на микроби на Марс, нема да можеме да зборуваме за вистински вонземен облик на живот, доколку тие суштества можат да се поврзат со нашето животно стебло. Во случај на Марс да се пронајдат облици на живот кои немаат никаква биолошка поврзаност со нас, тогаш имаме обврска да не го контаминираме тоа подрачје со своето присуство, додава МекКеј.

Понатаму, Мазлан Отман, шеф на канцеларијата на ОН за односи со вселената (UNOOS), вели дека ОН треба да ја има водечката улога во координирањето на глобалната реакција за откривање вонземјани. Палеонтологот Конвеј Морис од Универзитетот Кембриџ, смета дека нема потреба од премногу вознемирување околу прашањето што да се направи доколку наидеме на интелигентни вонземни суштества, бидејќи тие најверојатно и не постојат.

“Никогаш не сме имале посетители од вселената, ниту пак е вредно да се основаат центри за нивно откривање и потрага. Тие не постојат, а ние сме сами.” вели Конвеј.

Поддржете ја нашата работа: