Пивото кое поради бродолом 200 години лежело на морското дно, доби нова шанса да ги освои срцата на љубителите на овој пијалок со својот необичен вкус.
Шишето со пиво кое е пронајдено на дното на морето ќе го “вратат во живот” пиварите од Австралија. Опишано е како темно пиво со вкус на црна рибизла и зачини. Шишето завршило таму при бродолом во 1797 година – се вели во извештајот објавен во списанието Daily Mail.
Сега научниците работат на заживување на ова поточно 220 години старо пиво, за кое се смета дека е најстарото на светот, користејќи квасец кој исто така е пронајден во шишиња. Пијалокот ќе биде пуштен во продажба на почетокот на јуни оваа година.
Квасецот е пронајден како остаток од бродот Sydney Cove, кој пловел од Калкута до Порт Џексон и пренесувал чај, ориз, тутун, како и 40 000 литри алкохол. Бродолом доживеал во близина на Тасманија за време на бура во 1797 година.
Нуркачите кои ги исртражувале остатоците во 90-тите пронашле шишиња со пиво кои се оставени во Музејот и уметничката галерија на кралицата Викторија во Лонсестон, Тасманија.
Пред три години Дејвид Турровгуд, конзерватор во музејот и поранешен хемичар, започнал со процес на екстракција на квасец од пивото. За среќа премногу студената вода на дното на морето го сочувала квасецот – објаснува тој.
Собран е меѓународен тим од научници со цел подобро да ја проучат содржината од шишињата. Откако се запознале со содржината, Турровгуд се потпрел на австралиските пивари за да го оживеат оригиналот.
Хејдон Морган, главниот пивар во пиварата James Squire, вели дека квасецот бил доста “темпераментен”. Вели дека овој алкохолен пијалок е има богат вкус со примеси на црна рибизла и зачини.