Колку балоните се опасни?

Прослави за родендени, дипломирање, свадби и многу други празнување не можат да се замислат без балони. Но, каде завршуваат веќе употребените балони кои се составени од гума, латекс, неопрен, ткаенина или најлон?

Групите кои се борат за заштита на животната средина, веќе со години се трудат за промена на законите и пробуваат да ја забрзаат забраната за фрлање на вакви материјали на секое место, тврдејќи дека балоните се опасни за дивите животни.

“Балоните претставуваат сериозна закана за дивите животни затоа што се шарени и сјајни, па така животните можат лесно да ги заменат со храна” – вели Ема Тонг, портларол на Националната управа за океани и атмосфера во САД.

Неколку американски држави веќе забрани фрлање на употребени балони. Такви се Калифорнија, Флорида, Тенеси и Вирџинија.

Универзитетот Клемсон, исто така одлучи да ја прекине традицијата од пуштање до 10 000 балони за време на фудбалските мечеви. Во овие градови се забранува продажба, употреба и дистрибуција на балони.

“Балоните се ризик за животната средина, па и за морските животни. Секој кој ќе обрне малку внимание ќе забележи дека остатоците од балони се присутни насекаде и дека станаа вообичаена појава во локалните морски екосистеми” – се наведува во соопштението на веб-страните на овие градови.

Кенет Лакост, за Си-Ен-Ен вели:” Премногу сме загрижени. Постојат многу податоци за штетите кои и ги прават балоните на животната средина и дивите животни. Од истата причина треба да се забранат и пластичните кеси за еднократна употреба”.

Непрофитната организација “Балунс блоу” им укажува на луѓето за сите опасности кои ги предизвикуваат балоните. Животните, како што се птиците, китовите и морските желки можат да изумрат доколку проголтаат остатоци од балони.

Истата организација предлага еколошки поприфатливи решенија, како замена за балони, како форми од обоена хартија која полесно може да се рециклира.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.