Колку е ефикасно носењето маска за лице при појава на COVID-19

Деновиве сите слушнавме многу различни мислења и препораки за носење маска за лице, особено во ова време кога има светски недостиг.

Владите, докторите и научниците од целиот свет овој период, како што сите знаеме, даваат многу противречни мислења кога станува збор за носење обична хируршка маска за лице.

Првата група тврди дека обичната, ефтина хируршка маска не е во можност да не заштити од вируси. Тврдења кои се засноваат на фактот дека вирусите се толку мали во опсегот на нано-скалата и овие маски обично се користат за блокирање на респираторни капки со големи честички (дијаметар поголем од 5 μm),како и за блокирање на различни други прскања, шприцања или распрскувања да стигнат до устата и носот на оној што ја носи.

Втората група тврди дека носењето маска за лице иако не е совршено решение против ширење вируси, може да биде многу корисно и може да има драстично влијание врз ширење на некои од вирусите, особено вирусот корона. Овие тврдења се засноваат на факти дека вирусот SARS-COV 2 кој е одговорен за појава на COVID-19 во светски рамки, е со димензии помеѓу 70-90 nm (слично на другите вируси на грип) и според сите валидни стари и нови истражувања, неговото пренесување е претежно преку респираторни капки.

Во едно од најновите истражувања, објавени пред неколку дена од Универзитетот Хенан за кинеска медицина се споделува вистински случај кога со помош на користење маска за лице се спречува пренос на инфекцијата COVID-19.

Тие известуваат за типичен случај на појава на појава на кластери предизвикани од изложеност на јавен превоз, за ​​време на појава на епидемија COVID-19 во Кина.

Еден машки пациент несвесен за фактот дека можеби бил заразен и имал активна COVID-19 , не успеал да земе маска за лице пред да се качи во меѓуградски автобус. Многу патници не носеле маски за лице во истиот автобус. Времетраењето на патувањето со автобусот било 2 часа и 10 минути – во истиот автобус имало 39 други патници. Според епидемиолошкото истражување, заразени се уште 5 патници во истиот автобус.

По пристигнувањето во округот, овој машки пациент купил маска за лице и се качил во минибус со цел да стигне до неговата крајна дестинација и сега ја носи маската. Времетраењето на возењето со минибусот беше 50 минути и во истиот минибус имало и 14 други патници.

Сите 14 патници од минибусот биле прегледани и третирани како сомнителни случаи. Спроведен е 14-дневен период на медицинско набудување и по овој период тестот покажал дека сите 14 патници од минибусот се здрави и не се заразени со COVID-19.

Ова е можеби првиот реален резултат од придобивките од носење маски за лице, особено кога лицето кое носи маска има развиено COVID-19 и заклучокот на истражувачите е:

  • Носењето маски за лице ве штити и себе и другите. Затоа, употребата на маски за лице веројатно ќе има клучна улога во ублажувањето на ширењето како на COVID-19 така и на други болести
  • При превоз на долги растојанија, најпрво треба секој да си ги оцени неговите здравствени состојби
  • Избегнете го патувањето доколку имате симптоми како треска или кашлање и консултирајте се со лекар што е можно поскоро, носејќи маска за лице
  • Носете маска за лице за време на целото патување
  • Се советува да носите 1-2 дополнителни маски за лице и да ставите нова маска за лице веднаш кога ќе видите дека старата е деформирана или загадена
  • Недостасуваат опсежни истражувања за маските за лице и понатамошните истражувања треба да се фокусираат на проценка на ефикасноста на маските за лице против ширење на COVID-19 , испитување на повторна употреба на маските за лице како и проценка на усогласеноста

+ Ве молиме споделете и спасете нечиј живот +

Поддржете ја нашата работа: