Конечно е пронајдена главната причина за ризикот од аутизам

Микробиомот кај мајката за време на бременоста е клучниот фактор за ризикот од развој на аутистички нарушувања, покажа една студија спроведена од страна на научници од Универзитетот на Вирџинија, Медицинското школо (UVA).

Имено, научниците успеале да го спречат развојот на аутизам кај лабораториски глувци. Ризикот е намален со блокирање на одредена воспалителна молекула интерлеукин-17а, а нејзе ја создава одбрамбениот систем на организмот.

Експертите сметаат дека аутизмот исто така би можел да се спречи така што ќе се инхибира создавањето на тие молекули. Исто така планираат да истражат дали во тој процес учествуваат и други молекули.

“Утврдивме дека микробиомот е клучен фактор за одредување на склоноста на аутистични нарушувања, што укажува на тоа дека би можеле да целиме кон мајчиниот микробиом или воспалителната молекула IL-17a”, вели д-р Џон Лукенс од одделот за неврологија. “Молекулата исто така би можела да биде биомаркер за рано дијагностицирање”, додава тој.

Познато е дека во човековото тело има повеќе бактерии отколку клетки. Најмногу ги има во дигестивниот систем, каде повеќето од нив имаат позитивна улога.

Претходно се знаеше дека нарушувањето во функционирањето на микробиомите може да предизвика бројни болести, особено некои автоимуни како улцеративен колитис или Кронова болест. Исто така е познато дека ризик факторот за аутизам се наоѓа во генетиката, но како дел од проблемот може да биде во околината.

“Микробиомот може да го обликува развојот на мозокот на различни начини. Тој е навистина важен за калибрирање на одговорите за потомство на инфекцијата, повреди и стрес”, појаснува Лукенс.

Тимот од UVA покажа дека нездравиот микробиом на мајката може да предизвика проблеми во невролошкиот развој на детето. Добра работа е што на овој микробиом добро делуваат правилната исхрана, пробиотиците. Сите овие техники можат да воспостават здрава рамнотежа помеѓу микроорганизмите во дигестивниот систем.

Другиот пристап, а тоа е блокирање на IL 17-a молекулата кој е многу поризичен, бидејќи таа молекула има важна улога во одбраната на организмот од воспалителни процеси. Поради тоа би можело да настанат несакани последици.

Следниот чекор е тестирање на луѓе. Инаку, многу претходни студии покажале дека вирусните и бактериски инфекции на бремената жена го зголемуваат ризикот од раѓање на деца со аутизам.

 

Поддржете ја нашата работа: