Летечки автономен робот со помош на вештачка интелигенција препознава и бере зрело овошје

Компанијата Aerobotics Technologies разви летечки автономен робот (FAR) кој користи вештачка интелигенција (AI) за препознавање и берење овошје.

Берењето овошје е физички напорна работа што бара многу стоење, клечење или качување по дрвјата, а понекогаш таа физичка активност трае до осум или повеќе часа на ден. Иако има свои добри страни, оваа работа генерално е ниско платена или сезонска во која има многу малку простор за напредување. Бидејќи помладите генерации сè повеќе мигрираат во урбаните области, а пандемијата на коронавирусот го ограничува патувањето и спречува доаѓање на сезонски работници од други земји, роботите стануваат сè почесто решение.

Компанијата Aerobotics Technologies разви летечки автономен робот (FAR) кој користи вештачка интелигенција (AI) за препознавање и берење овошје. Компанијата наведува дека нивните автономни летачки роботи можат да се користат насекаде во светот и дека тие го решаваат проблемот со недостиг на работна сила, истовремено намалувајќи ги трошоците, пишува „Интерес инженеринг“.

Роботот FAR користи алгоритми за перцепција на AI за лоцирање на дрвја и алгоритми за визија за откривање на овошје меѓу лисјата. При берење овошје, времето е исклучително важно, па на пример, овошјето собрано со две недели задоцнување губи 80% од својата вредност. Роботите берат само зрело овошје и го класифицираат според големината и зрелоста. Откако ќе го избере овошјето, роботот го наоѓа најдобриот начин да му пријде, а потоа користи штипка за да го фати и да го собере.

На еден овоштарник можат да работат повеќе роботи без ризик да се допрат меѓусебно бидејќи ги контролира автономен дигитален мозок. Исто така предноста од користење на ваквите роботи е фактот што тие можат да работат и 24 часа дневно.

Од компанијата истакнуваат дека роботите не се замена за човечки берачи на овошје, туку се дизајнирани за да послужат како помош во ситуации кога човечка рака не може да постигне да го собере зрелиот плод.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.