Сребрена џебна матарка за бренди, која што припаѓала на патник од првата класа на „Титаник“, е продадена на аукција за 76.000 фунти (88.000 евра), објави Би-Би-Си. Патникот го добил предметот кога бродот почнал да тоне.
Хелен Черчил Канди му ја дала на Едвард Кент матарката на која било изгравирано мотото на нејзиното семејство „верни, но несреќни“. Канди потоа му рекла на Кент: „Ти имаш повеќе шанси да преживееш отколку јас“.
Меѓутоа, Канди преживеала, а Кент загинал, заедно со повеќе од 1.500 патници. Матарката била пронајдена истовремено со неговото тело.
Поддржете ја нашата работа: