Рачно напишаното писмо на Алберт Ајнштајн, во кое тој го оспорува концептот на религијата, ги надмина прогнозите и беше продадено на аукција за 2,9 милиони долари на аукција во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк.
Ракописно писмо напишано во 1954 година, се очекувало дека ќе достигне цена од 1,5 милиони долари.
Нобеловиот лауреат, кој тогаш имал 74 години, го адресирал писмото до германскиот филозоф Ерик Гуткинд по повод неговиот текст. Во него Ајнштајн остро ја критикува религијата и ја нарекува Библијата „збир од почитувани, но сепак премногу примитивни легенди“.
На ова писмо се гледа како на едно од клучните изјави во дебатата во односот меѓу науката и религијата.
“Ова доста искрено и приватно писмо е напишано една година пред смртта на Ајнштајн и денес претставува најдобро артикулиран став за неговите верски и филозофски погледи”, велат од аукциската куќа “Кристи”.
„Зборот Бог за мене не е ништо повеќе од израз и производ на човечката слабост“, пишува физичарот додека бил на Универзитетот Принстон во Њу Џерси.
Ајнштајн во писмото додал и дека никакво толкување, колку тоа и да биде суптилно не може да го промени неговиот став.