На 30ти април почина најстариот човек на светот на 146 годишна возраст откако бил однесен неколку дена пред тоа во болница.
Содимеџо од Индонезија, познат како Мба Гото (дедо Гото) ги надживеа своите четири жени и сите деца и почина на 146 години. Во Индонезија, како официјални податоци, датумите на раѓање почнале да се бележат во 1990 година, затоа нема податоци за неговиот ден на раѓање, но се знае дека е роден во декември 1870та година.
Соседите од селото на дедо Гото,во провинцијата Јава, велат дека тој бил вистински херој. Им раскажувал приказни за војната против Јапонија и холандските колонизатори.
Содимеџо бил тежок пушач. Од своите 4 жени имал вкупно 10 деца. Го надживеале пет негови деца, 12 внуци, 17 правнуци и два пра-пра-внуци.
Поддржете ја нашата работа: