Ова е најстариот човек во пишаната историја: 256 години, 23 брака и 200 деца

Како што се наведува во натписот во New York Times од 1930 година, Wo Chung-Chi, професорот од Универзитетот Chengdu, открил белешки од Империјалната кинеска влада од 1827 година во која на господин Li Ching Yuen му го честитаат 150-от роденден и потоа документ од 1877 во која му го честитаат 200-от роденден!

 Li Ching Yuen е најпознат по тоа што доживела неверојатно долга старост, односно според наодите се смета дека живеел од 197 до 256 години што го прави повеќе долговечен од Jeanne Calment, која службено се смета за најстарата жива личност досега.

Се зборувало дека Li Ching Yuen почнал со работа на свои 10 години, собирајќи билки од планинските предели, при што открил дека тие помагаат во долговоечноста.

Тој скоро 40 години преживувал на исхрана која ја вклучувала разновидини билки и вино од ориз. Во 1749 година, на свои 71, се придружил на кинеската војска станувајќи учител за боречки вештини.

Велат дека бил особено почитуван во својата заедница, имал 23 брака и повеќе од 200 деца.

Научил да чита и пишува уште на 10 години, патувајќи често на различни места во потрага по нови билки. Со тоа се занимавал првите 100 години, потоа продолжил со препродавање на билки кои ги береле други.

Еден од неговите ученици рекол дека Li Ching Yuen се сретнал до човек стар 500 години кој го научил на неколку вежби и праввилен начин на исхрана за долг живот.

Позната била неговата изјава за долговечност:

“Смирете го срцето, седете како желка, движете се лесно како гулаб и спијте како куче“.

Li тврдел дека внатрешниот мир и смиреноста на умот во комбинација со техника на дишење се вистинските тајни на долгиот живот.

Веруваме ли дека некој може да живее толку долго?

Мора да се земе во предвид дека постојат луѓе кои не водат напорен живот не мора да се нервираат зараи долгови, не се подложни на загадениот градски воздух и редовно се физички активни. Не јадат преработена исхрана, не внесуваат многу шекер, брашно или храна која има пестициди.

Не јадат генетски модифицирана храна, не пијат алкохол и не пушат цигари. Не конзумираат антибиотици или било какви лекови. Поминуваат многу време во природа и дишат свеж и чист воздух.

Да ги правиме и ние тие работи, животот во стотата година веројатно би бил нормална појава. Ако го третираме своето тело како што треба, којзнае колку долго би живееле.

Поддржете ја нашата работа: