На делфините им се потребни неверојатни 33 000 калории дневно

Ако мислевте дека Двејн Џонсон премногу јаде – се лажете. Тоа е ништо во споредба со еден делфин.

Новата студија, објавено во the Royal Society Open Science,успеа да пресмета колку калории делфините мора да внесат за да продолжат да функционираат нормално. Излегува резултат за кој нема да поверувате. Имено, еден делфин од 200 килограми согорува помеѓу 16 500 до 33 000 калории дневно.

Ова звучи како некоја извондредно голема количина, но сепак е помала од очекуваната.

Тоа значи дека делфините треба да изедат 10 до 15 килограми риба секој ден, за нормално да пливаат во океаните. Доколку се прашувате која е поентата на оваа пресметка, тоа може да му користи на човекот за управување со средините во кои делфините живеат, и да биде подобро информиран со цел да ги заштити.

“Ова истражување може да го додадеме во досега запушаните студии со цел да се потенцира колку риба / плен им е потребно на делфините”, објасни Андреас Фалман за Би-Би-Си, човекот кој го предводеше истражувањето. “Ова може да биде од корисно значење кога ќе се разгледа управувањето со риболовот и да се осигура дека квотата не е превисока, така што на животните им недостасува храна”.

Можеби изгледа дека океаните се огромен ресурс без дно и дека луѓето никогаш нема да можат да го заокружат целиот живот во него (тоа е долгиот процес), но без оглед на тоа, ваквите истражувања се заведени. Според наодите кои се досега направени, животните како делфини, пингвини, китови и фоки засега немаат доволен извор на храна.

За да дознаат колку поточно на делфините им треба храна за да преживеат, тимот од научници од Woods Hole Oceanographic Institution, ја мереле базичната метаболитичката стапка на делфините (БМС). За период од четири години, научниците испитувале возрасни и млади делфини кои живеат во заливот Сарасота на Флорида.

Тие откриле дека на делфините им се потребни до 33 000 калории дневно. Можеби се чини многу, но во споредба со еден кит оваа бројка е минијатурна. На просечен кит му требаат околу 500 000 калории дневно само да преживее.

Количината на согорени калории варира во зависност од бројни фактори, вклучувајќи ја и температурата на водата, енергетските потреби на мозокот и активноста на животното.

Поддржете ја нашата работа: