Најбизарните откритија на Земјата кои не можат да се објаснат

Мора да признаеме дека нашата планета многу чудна. Постојат безброј откритија кои се пронајдени ширум светот кои и понатаму се спротивставуваат на објаснувањата.

Некои од откритијата беа означени како невозможни или беа карактеризирани како шпекулации, само затоа што е невозможно да се објаснат. Некои работи, едноставно не можат да се објаснат бидејќи научниците кои се трудат да ги одгатнат пристапуваат со затворен ум.

Со цел, во потполност да се разбере се она што пркоси на нашите објаснувања, мора да бидеме спремни да прифатиме дека се е возможно.

Канџата од Нов Зеланд

Оваа фасцинантна канџа е откриена во пештерите на планината Овен во Нов Зеланд. Таа е исклучително добро сочувана и се верува дека припаѓала на птица која изумрела пред околу 3000 години.

Птицата, која немала способност за летање изумрела и покрај тоа што имала прилично импресивни канџи.

Приказната која се крие зад откритието потсетува на класичен хорор филм. За прв пат е откриена во пештерата која се наоѓала на сосема друга локација во далечната 1863 година од страна на Џејмс Кемпбел. Подоцна, без никакво рационално објаснување, примерокот исчезнал на неколку години, се додека одново не се појавил и бил продаден на директорот на музејот Доминион во Велингтон од страна на пра-правнукот на Кемпбел.

Прст со должина од 38 см. пронајден во Египет

Без сомнеж, ова е едно од најчудните откритија во Египет. Имено, во далечната 1988 година, една од водечките европски новински агенции (Bild.de) објавила напис за еден гигантски мистериозен прст.

Според многумина , тој прст е резултат на измама, но тестовите, рентген сликите и потврдата за автентичност зборуваат за сосем друга приказна.

Остатоците од овој прст се импресивни. Во прашање е голем мумифициран хуманоиден прст со должина од 38 см. Истражувачите од Египет веруваат дека прстот му припаѓал на суштество кое мора да било 5 метра високо. Само неколку лица имале прилика да го фотографираат овој неверојатен артефакт во 1988 година.

Прстот не се вклопува ниту во една конвенционална теорија изнесена од страна на научниците, историчарите и археолозите.

Големата сфинга – мистерија на која и нема крај

Големата сфинга во Гиза е можеби најмистериозниот споменик на Земјата. Покрај сите споменици пронајдени во Египет, големата сфинга е без сомнеж најголемата мистериозна структура кој апсолутно никој не може да ја објасни во целост.

Никој не знае колку точно години е стара сфингата, ниту кој ја изградил, ниту зошто. Никој не знае што содржат големите комори, шуплини и тунели под сфингата.

Староста е најверојатно најконтроверзниот дел кога станува збор за сфингата. Некои тврдат дека структурата датира од времето на древните египетски цивилизации и да е стара најмалку 800 000 години. Сфингата покажува јасни знаци на ерозија и поради тоа се мисли дека некогаш Гиза била потопена под вода.

Поддржете ја нашата работа: