Најстрашниот пајак на светот

Новиот вид на пајак кој го откриле научниците воопшто нема да го намали стравот од пајаци кој го имаат многумуна од нас. Покрај тоа, доколку го погледнете секој страв може да се зголеми.

Го нарекле Сиера Какачилас по истоимениот планински венец каде и го откриле научниците од Природонаучниот музеј во Сан Диего. Голем е околу десетина сантиметри, а телото му е прекриеносо влакна, додека под очите му доминираат големи заби.

Прв пат го откриле откако го пронашле неговиот отфрлен егзоскелет од кој установиле дека припаѓа на заскитан вид на пајак, а потоа на истото место се вратиле навечер, бидејќи им било јасно дека станува збор за пајак кој излегува во текот на ноќта.

– Кога за прв пат видов ваков вид на пајаци, бев импресионирана од нивната големина. Знаев дека тука станува збор за нешто ново кое ќе мора да го опишеме, -вели научникот Марија Луиза Хименез, која раскажува дека за сите нејзини години поминати во истражување и собирање на пајаци не видела на целиот полуостров ништо слично.

Овој пајак воглавно се наоѓа во пештери, а иако е во родот бразилски скитници кој има најсилен отров, овој пајак не е смртоносен за луѓе.

Речиси сите пајаци се отровни, но доста малку се опасни за луѓе. Еден пајак ме касна додека се грижев за нив и еве сеуште сум жив, -вели Џим Бериан од Природонаучниот музеј.

Поддржете ја нашата работа: