10 Отровни материи кои можат да бидат моќни лекови?

Во видеото со наслов „10 смртоносни отрови што практично можат да ви го спасат животот“ се објаснува како природните растителни и животински супстанции може да се користат за спасување на животот при разни животно загрозувачки состојби.

Кога некоја материја се смета дека е отровна, секако дека треба да се избегнува и тоа е најчесто со добра причина. Сепак, некои смртоносни отрови имаат и таква моќ да делуваат и како лек кога се работи за некои заболувања, како рак, артритис или срцев удар.

https://www.youtube.com/watch?v=q2b3JgBuLfs

Отровот од индиската кобра, една од најчестите отровни змии во југоисточна Азија, може да биде решение за околу 350 милиони луѓе ширум светот кои страдаат од артритис. Експериментите со глувци со ваква состојба покажале дека мали дози од отровот од кобрата драстично го намалуваат отокот и вкочанетоста на зафатените зглобови, се вели во видеото. Отровот ја инхибира деградацијата на колагенот што е поврзано со оштетувањата. Научниците планираат понатамошни истражувања за да видат како оваа техника ќе делува кај луѓе.

Photo from ARKive of the Mexican redleg tarantula (Brachypelma emilia) - http://www.arkive.org/mexican-redleg-tarantula/brachypelma-emilia/image-G18206.html
Photo from ARKive of the Mexican redleg tarantula (Brachypelma emilia)

Јасно е дека сѐ што се нарекува „смртоносно“ нема место во докторската торба, но тоа не е случај кога се работи за беладона. Ова растение може да се користи за третирање на разни состојби, меѓу кои астма, гихт и епилепсија. Таа има способност да ги блокира нервните импулси, што значи дека со потребното внимание може да се користи за регулирање на одредени телесни рефлекси, како што е успорување на работата на срцето за време на операции.

Пелин

Слично на смртоносната беладона и отровот од пелин се смета за еден од најпознатите отрови во светот. Тој е толку смртоносен што човек може да умре и само ако јаде месо од животни што некогаш го конзумиреле неговото семе. Отровот од пелин може да парализа некои делови од телото. Некои од компонентите на отровот, научниците ги користат за третирање на манија, епилепсија и голема кашлица. Исто така, може да ја редуцира болкати при избивањето на забите кај децата и треморот кај лицата што патат од Паркинсонова болест.

Овие смртоносни, но потенцијално и лековити ресурси може да се насочат кон болестите за кои модерната медицина доправа треба да пронајде лек.

Поддржете ја нашата работа: