Водечката светска агенција за истражување на универзумот, понуди награда од 30.000 долари за човекот кој ќе понуди најиновативно решение за изметот од универзумот.

„Проблем е да извршите било каква физиолошка потреба кога сте во вселенското летало, компресиран во вселенско одело, без тоалет на видик и опкружен со други астронаути”.

„Ова е голем проблем кој мораме да го решиме за наредните мисии”– рече астронаутот од НАСА Ричард Мастрачио во видеото во кое ја објаснува важноста на овој предизвик.

Пронаоѓачите имаат рок до 20-ти декември да ги достават нацртите за персонален систем кој ќе се справи со се, „hands-free“, за максимален период од шест дена.

„Меѓутоа, пелената е само привремено решение и не дава здрава/заштитна опција подолго од еден ден“ -велат од НАСА.
На астронаутите им е потребно решение за овој проблем за подолго од два дена.

Поддржете ја нашата работа: