НАСА денес ќе лансира летечка чинија

На 28 јуни 2014 година беше направено првото тест летање и чинијата беше лансирана од објектот на Американската морнарица во Кауај, Хаваи.

Сега, јавноста е поканета да го проследи второто тестирање кое ќе се одржи денес (31 март 2015 година) од 9 до 10 часот наутро. Настанот ќе може да се следи во живо на “http://www.ustream.tv/NASAJPL2“ , а ќе може и да им се поставуваат прашања на научниците кои тие ќе ги одговараат на „четот“ или преку Твитер користејќи го хаштагот “#AskNASA“.

Оваа демонстрација ќе ги тестира технологиите кои ќе овозможат голем товар да може безбедно да слета на површината на Марс, или други планетарни тела со атмосфера, вклучувајќи ја и Земјата.

Овие технологии не само што ќе овозможат голем товар на слета на површината на Марс, туку ќе овозможат и поголем пристап до површината на планетата со тоа што ќе бидат возможни слетувања на места со повисока надморска височина.

Повеќе информации за вселенската технологија на „LDSD“ може да прочитате тука.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt