НАСА ќе добие финансиска поддршка за мисии на Марс

За прв пат во повеќе од шест години Конгресот на САД се занимава со НАСА, и на именуваната агенција и посвети еден цел законски предлог. По кратката дискусија во која немало спротиставени тонови, оваа недела е изгласан “NASA Transition Authorization Act of 2017” документ со кој на вселенската агенција им се доделува финансиска поддршка и задачи за наредниот период.

Одобрениот годишен буџет за вселенски и други истражувања изнесува 19,5 милијарди долари, а минатата година изнесување 19,3 милијарди. Освен зголемувањето на буџетските средства, НАСА доби и нови задачи. Најинтересните од нив се врзуваат со Марс.

Конгресот од НАСА очекува да изработи детален план за праќање на летало во човечки екипаж во близина или на површината на Марс некаде во текот на следните 30 години. З истите цели, ќе мора да развие и сосема нов тип на ракети и капсули за превоз на луѓе во вселената, до Марс и пошироко.

По изгласувањето на овој документ во Конгресот се чека на него да стави потпис претседателот Доналд Трамп. Бидејќи во конгресот следствено се поминало мирно и без проблеми, со поддршка на двете најголеми партии, се очекува дека за овој доста важен закон, НАСА од претседателот ќе добие зелено светло.

Освен плановите за посета на Марс, НАСА во согласност со овој план добила и одобрување за лансирање на сонда кон Јупитеровата Месечина Европа во потрага по живот, но и за праќање човечки екипаж на пат околу Месечината, лансирање на ракетата Space Launch System (SLS) и капсулата Орион кон крајот на 2018 година.

НАСА во иднина ќе работи и на развојот на новите хиперсонични и суперсонични летала кои би требало да ја зголемат ефикасноста на воздушниот и копнениот сообраќај.

Поддржете ја нашата работа: