SpaceX пред две недели одработи успешно и спектакуларно полетување на Falcon Heavy и слетување на неговите три погонски ракети. Овој потфат на компанијата на Елон Маск придонесе за договори со НАСА, а пред една недела американската вселенска агенција и додели уште една работа. Станува збор за футуристички концепт виден само во филмови – Space X, имено ќе добие 69 милиони долари да лансира ракета кон астероид, и да проба да го бомбардира.
Тука не станува збор за тоа дека Земјата е во опасност, туку истото ќе биде тестирање кое ќе покаже дали е вредно да се размислува воопшто за такво сценарио.
Програмата, наречена Double Asteroid Redirection Test (DART), има за цел да покаже колку е изводливо да се погоди астероид со проектил што ќе влијае на неговиот пат. Освен тоа, проектилот ќе покаже и во кое време една таква мисија може да се спреми.
SpaceX ќе ја лансира ракетата Falcon 9 во јуни 2021 со проектилот DART. По истиот пат ќе патува година и пол со што во октомври 2022 година ќе го пресретне Didymoon природниот сателит, нешто поголем од астероидот Didymos. Didymoon има дијаметар од околу 165 метри и во моментот на ударот би требало да се најде на околу 11 милиони километри од Земјата. Оттука, ударот ќе биде следен со телескопи, со цел да се види какво влијание имало бомбардирањето.