НАСА најави голема прес конференција – откриени ли се можеби трагови од вонземен живот?

Американската вселенска агенција НАСА, за четврток (13 април) најави прес конференција за „световите со океани во нашиот Сончев систем“.

На конференцијата ќе бидат откриени резултатите од „големата потрага по живот надвор од Земјата“, кои исто така ќе влијаат и на „идните истражувања на океанските светови“.

Според најавата, новите откритија ќе бидат поврзани со истражувањата на леталото Касини – што беше испратено на Сатурн, но вршеше истражувања и на џуџестите планети за можен живот на нив и на телескопот Хабл.

Вакви конференции се вообичаена пракса  кога  НАСА ќе дојде до значајни откритија. Ваков настан беше организиран кога беше откриена вода на Марс и првиот систем од планети надвор од Сончевиот систем кои потенцијално би можеле да бидат погодни за живот.

Настанот ќе може да се следи во живо на интернет, а на конференцијата ќе учествуваат голем број експерти, меѓу кои и членовите на мисијата Касини и астробиолози.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.