НАСА наскоро на Марс ќе испрати хеликоптер

Американската вселенска агенција, своето следно патување на Црвената планета планира да го започне за две години, а еден од патниците на ракетата ќе биде беспилотен хеликоптер, специјално прилагоден за супер-ретката атмосфера.

НАСА на Марс планира да испрати хеликоптер како дел од мисијата Марс 2020, која вклучува и стандарден ровер кој ќе талка по површината. Направата, официјално наречена Mars Helicopter, е всушност автономно возило, кое ќе лета над површината и соработува со својот парнер на Земјата.

Задачата на хеликоптерот ќе биде да прави фотографии, а главниот адут ќе биде фактот што ќе може да досегне места кој не може да ги долови стандардниот ровер. Mars Helicopter, на пат ќе тргне во јули 2020 година, а од НАСА се горди на проектот, бидејќи сметаат дека со таквиот чин, Америка ќе ја испрати првата нација во светот која го направила и произвела леталото на далечната планета.

 

Поддржете ја нашата работа: