НАСА објави крај на мисијата Опортјунити на Марс

Американската Национална аеронаутичка вселенска администрација (НАСА) потврди дека мисијата на роботското возило „Опортјунити” на Марс е завршена, откако што изгубиле контакт со него во јуни минатата година.

Претставникот на НАСА, Томас Зурбучен вчера на прес-конференција во Пасадена, Калифорнија, изјави дека Соларниот ровер „Опортјунити“ престанал да испраќа сигнал пред осум месеци и дека НАСА изгубила секаков контакт со него.

Робот возилото, како извор на енергија користело сончева енергија, но повеќе не можело да се напојува бидејќи сончевите колектори му биле прекриени со прав.

 Кога во 2004 година „Опортјунити“ слета на Марс, и ретко кој веруваше дека ќе издржи повеќе од 90 дена.

“Проектот траеше 14 години, а овој робот ги надмина сите очекувања и ни даваше слика за Марс”, вели раководителот на програмата Џон Каплас.

Поддржете ја нашата работа: