НАСА размислува за испраќање на посада со капсулата Орион

Американската вселенска агенција НАСА потврди дека размислува да испрати мисија со човечки екипаж во капсулата Орион порано од планираното. Вселенското летало Орион би требало да го понесе огромната нова ракета „Space Launch System (SLS)“, на тринеделна мисија околу Месечината.

„Орион ќе лета подалеку од било кое вселенско летало што досега е направено за транспорт на луѓе“, се вели во соопштението од НАСА, каде се надеваат дека капсула со човечки екипаж ќе испратат на Марс околу 2030 година.

„Првиот лет на Орион, наречен „Истражувачка мисија-1 “(Exploration Mission -1; EM-1), предвидена е за 2018 година, без екипаж. Капсулата нема да превезува луѓе сѐ до својата втора мисија – „EM -2“, на почетокот на 2021 година. Предвидено е таа мисија да трае осум дена. Извршниот директор на НАСА, Роберт Лајтфут на 15 февруари побарал студија за можноста да се испрати посада со првиот лет на „SLS“ и Орион.

Заклучоците се очекуваат за неколку недели, но научниците веќе направиле листа на работи што треба да се сменат за да може капсулата во вселената да понесе луѓе.

„Наш приоритет е безбедноста и ефикасноста на сите предвидени мисии со Орион“, изјавил Бил Герстенмајер, задолжен за летовите со човечки екипаж. Работата на студијата за испраќање на  екипаж би можело да ја одложи мисијата  „EM -1“ до средината на 2019 година.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.