НАСА со нов сателит ќе бара планети погодни за живот

Планетите за кои се смета дека можат да поддржуваат живот се познати како егзопланети. НАСА разви нов сателит познат како “ТЕSS“ (Transiting Exoplanet Survey Satellite – TESS) кој поседува 4 специјално дизајнирани камери кои ќе го пребаруваат небото со цел да откријат нови егзопланети.

 

Со оваа мисија се планира да се изврши мониторирање на преку 500.000 од најсветлите ѕвезди на небото, барајќи мали промени во нивната светлина кои ќе индицираат дека пред ѕвездата поминува планета. Со “ТЕSS“ се претпоставува дека ќе се откријат преку 3000 нови потенцијални егзопланети, вклучувајќи и илјадници други планети од џиновските гасовити планети до малите карпести планети.

Околу 500 од егзопланетите се очекува де бидат со димензии слични на нашата планета. Ѕвeздите што ќе ги мониторира “ТЕSS“ ќе бидат од 30 до 100 пати посветли од оние што сега ги мониторира Кеплер, овозможувајќи многу полесна опсервација.

 

Податоците што ќе се добиваат од овој сателит се планира да се комбинираат и употребуваат и во други мисии како што е Џејмс Веб Телескопот кој има опрема со која може да ги одредува и специфичните карактеристики на планетите вклучувајќи и дали овие планети имаат услови кои можат да поддржат живот

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.