Пред да ја направи најдеталната слика која сме ја виделе до сега од Сатурн, сондата Касини го испушти својот придружник Хајгенс кон неговата најголема месечина, Титан. Историското слетување на сондата се случи на 14-ти јуни, 2005-та година.
Сега, вселенската агенција ги собра сите податоци, заедно со сликите кои Хајгенс ги испратил пред 12 години, за да рекреира дел од неговото 2.5 часовно слетување низ Титановата маглива атмосфера. Видеото прикажува што “видела“ сондата од висина од околу 10 км, вклучувајќи ги и острите планински предели и длабоки клисури на површината на месечината.
Хајгенс останува да биде единствено вселенско летало кое сме успеале успешно да го слетаме на вселенско тело во далечните делови на сончевиот систем. Сепак, тоа може да се смени набргу, доколку НАСА го оствари својот план да испрати летало кое ќе бара знаци на живот во морето од метан на Титан.