НАСА: Виралните видеа „Во живо од вселената“ се лажни

На неколку популарни фејсбук страници како  UNILAD, Viral USA и INTERESTINATE беше објавен наводен видео пренос во живо кој покажува како двајца астронаути работат надвор од меѓународната вселенска станица.

Видеото за неколку часа стана вирално и им донесе милиони прегледи и лајкови на наведените фејсбук страници меѓутоа сепак на крајот на денот се испостави дека целата работа е наместена и монтирана.

Многу светски интернет портали меѓу кои и доста наши интернет портали и медиуми, наседнаа на местенката и ја споделија информацијата дека се случува интересен настан на меѓународната вселенска станица кој се пренесува во живо доведувајќи ги своите читатели и гледачи во заблуда.

The video on Viral USA’s Facebook

Представници од NASA изјавија дека тие редовно даваат известување доколку е планирано излегување на астронаутите надвор од вселенската станица, и бидејќи такво нешто нема треба да биде доволен индикатор за сите медиуми дека наводните видео преноси во живо се лажни.

Во секој случај некој заработи некој долар и направи тест на платформата на фејсбук за пренос во живо.

Советот е доколку дојдете во контакт со „пренос во живо од вселената“ од некоја неофицијална фејсбук страна да не се возбудувате премногу дека тоа навистина се случува во живо, но слободно можете да се воодушевувате на видеото и да го лајкнете доколку истото ви се допадне.

Автор: Влатко Стефаноски

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.