Научниците од америкснакта вселенска агенција НАСА откриле формула за создавање вода на површината на Месечината.
Во соопштението, НАСА наведува дека честичките носени со таканаречениот Сончев ветер удираат на површината на Месечината, а при одредена брзина на ударот создаваат погодни услови за спојување на водород со кислород, елементите кои ја чинат водата.
Експертите со помош на компјутерска симулација прикажале како при интеракција на протони и електрони доаѓа до производство на атоми водород, кои потоа се спојуваат со атоми кислород, кои при таа бурна реакција се издвојуваат од молекул на SiO2 кои се во почвата на Месечината.
Научниците тврдат дека за предизвикување на такви реакции за создавање на молекули на хидроксил Oh или H2O потребно наелектризираните честички да удираат на површината на Месечината со брзина од 450 километри на час.
При таков удар честичките предизвикуваат реакција на издвојување на ксилород од молекулите во тлото на Месечината.
Физичарот на НАСА Вилијам Фарел рекол дека секоја почна има потенцијал да произведе вода изложено на Сончевите ветрови.
Детален извештај за научното истражување е објавен во списанието JGR Planets.