Неверојатни живи скулптури како спој на уметноста и инженерството

Тео Јансен е холандски уметник кој уште од 1990 година започнал да го прави она по што денес е познат – изградба на огромни механизми од ПВЦ кои може да се движат сами со помош на ветерот. Овие анимирани дела преставуваат спој на уметноста и инженерството, како што всушност и самиот Јансен вели: „Ѕидовите помеѓу уметноста и инженерството постојат само во нашите умови“.

sculptures-that-walk-on-the-wind4

Наречени се „Strandbeests“ што потекнува од холандските зборови „strand“ што значи плажа и „beest“ што значи ѕвер.

sculptures-that-walk-on-the-wind5

Овие скулптури претставуваат сложен спој на цевки, дрва и едра кои наликуваат на крилја. Може да складираат воздушен пристисок и да го искористат кога нема да има ветер. Тие имаат еден вид на стомак кој се состои од рециклирани пластични шишиња со воздух кој може да се испумпа со висок притисок со помош на ветерот.

sculptures-that-walk-on-the-wind7

Со текот на времето Јансен се’ повеќе ги усовршува, па така некои од нив можат да детектираат кога стапнале во вода и да се одалечат од неа, а еден модел може дури и да се зацврсти за земјата ако почувствува дека доаѓа бура. Јансен би сакал да ги постави во стада на плажите, за да можат да си живеат. Тој ќе продолжи да ги усовршува своите креации и се надева дека ќе успее да ги опреми со вештачка интелигенција за да можат да ги избегнуваат пречките на патот (како на пример морето).

Поддржете ја нашата работа: