Британцки научници сакале да утврдат дали лекот, познат во студијата под името ONX-0801, е сигурен за употреба, и затоа го тестирале на мал број на пациенти.
Новиот третман за рак на јајчници ветува резултати кај жени дури и во напредна фаза на болеста и намалување на тумори за околу половина од жените кои учествувале во оваа студија.
Научниците се во фаза на тестирање на лекот за да се утврди дали е сигурен за луѓе, но откриле дека има речиси веднаш видлив клинички ефект, и се надеваат дека би можел да им помогне на жените кај кои ниту една моментално достапна терапија не делува.
Досега, лекот бил тестиран на 15 жени и затоа научниците велат дека тој можеби не е безбеден за користење повеќе од неколку месеци. Сепак, рак на јајчници е тежок за третирање и прогнозите во напредна фаза биле многу лоши.
Marianne Heath (68), една од пациентките која го добила овој лек вели: “Немав друг избор, мислам дека за мене тоа е единствена опција”. Нејзиното лекување траело повеќе од шест месеци и лекот го намалил туморот, а исчезнала и болката која ја чувствувала.
Британските научници сакаат да потврдат, дали лекот наречен во студијата под името ONX-0801, е сигурен за употреба, и затоа го тестирале на мал број на пациенти.. Меѓутоа, откриле дека значајно ги намалил туморите кај седум од 15 пациенти.
ONX-0801 е прв во новата генерација на лекови кои дејствуваат на начин кој ја имитира способноста на фолна киселина конкретно да се поврзе со клетките на ракот и притоа да не го допре здравото ткиво, со што се намалуваат контра-ефектите кои често се јавуваат при хемотерапија – инфекции, дијареа, оштетување на нервите и опаѓање на косата.
Еднаш кога лекот ги допре клетките на ракот, го блокира дејството на клучните молекули и предизвикува оштетување на ДНК и смрт на клетките. Лидерот на студијата вели дека резултатите од оваа студија се ветувачки.
Резултатите од студијата се претставени на годишната средба на Американското друштво за клиничка онкологија во Чикаго во саботата.