Новата компанија на Илон Маск ќе прави роботи кои ќе ги вршат домашните работи

Мора да признаеме дека за повеќето од нас домашните работи се вистински кошмар, но по малку е чудно како во ова напредно технолошко време сѐ уште немаме некоја машина што ова ќе го работи наместо нас?

Сепак, се чини дека се приближуваме кон тоа. Големиот претприемач Илон Маск објави дека неговата нова фирма за роботика „Open AI“ ќе  развива „домашни роботи“ кои ќе можат да ги извршуваат основните домашни задолженија..

За да се забрза целиот процес, „Open AI“ ќе го базира развојот на роботот на веќе постоечката технологија – значи во основа роботите што сега постојат ќе се изменат за да можат да извршуваат домашни работи.

„Open AI“ започна со работа во декември 2015 година и е предводена од Илон Маск и Сем Алтман, претседател на компанијата „Y Combinator“.

Оттогаш компанијата има обезбедено финансиски средства од околу една милијарда долари преку разни финасиери, меѓу кои и коосновачот на „PayPal“, Питер Тиел.

Идејата на оваа непрофитабилна организација е да ја донесе вештачката интелигенција во нашиот секојдневен живот, наместо да ја држи затворена во лабораториите ширум светот.

Да се направи функционален домашен робот е една од целите на „Open AI“, додека другата цел е да направи робот што ќе може нормално да го разбира јазикот.

Во основа, тие велат дека денешните роботи можат да разберат одредени, многу конкретни прашања и команди, но вистинската интелегенција треба да може да поставува прашања за појаснување и да сфати што се бара од неа на практичен, безбеден и јасен начин.

На ова поле е постигнат голем напредок – како на пример овој морничав робот кој речиси самостојно води разговор со видливо збунетиот новинар.

Или пак овој мал робот кој научниците го учат да следи инструкции од луѓето само ако тие не го ставаат во опасност.

„Денеска постојат ветувачки алгоритми за управување со јазикот, како што се одговарање на прашања, синтаксичка анализа и машинско преведување, но не постојат такви за понапредни лингвистички цели, како што е способност за конверзација, способност целосно да се разбере некој документ, како и способност да се следат сложени инструкции. Очекуваме дека ќе развиеме нов алгоритам за учење“- се вели во блогот на „Open AI“.

Крајна цел на „Open AI“ е да направи еден робот кој ќе може да решава повеќе различни  игри, како шах, „Go“ и Рубикова коцка.

Сето ова звучи одлично и како и за повеќето работи што ги прави Маск – меѓу кои обидите да го однесе човекот на Марс, или да ја доближи обновливата енергија до просечниот човек, ние сме ЗА!

Поддржете ја нашата работа: