Нови докази за потонувањето на легендарниот Титаник

Помина повеќе од еден век од кобното патување, а експертите се’ уште откриваат работи за она што се случило на бродот Титаник. Сега има нови докази кои покажуваат дека пожар под палубата може да имал голем удел за неговото тонење.

Да бидеме јасни, ледениот брег се´уште е одговорен за фаталниот удар, но новите фотографии кои излегле на виделина покажуваат знаци за оштетување на трупот, кое најверојатно е предизвикано од пожар под палубата.

Ирскиот новинар и автор Синан Молони, кој ја проучува оваа катастрофа веќе 30 години, вели дека ослабените делови на трупот направиле Титаник да не може да го издржи ударот во ледениот брег.

За оваа негова нова хипотеза е направен документарен филм, прикажан на Канал 4 во Велика Британија, наречен „Титаник: Нови докази“.

„Официјалната истрага на Титатик го обележа потонувањето како дело на Бога. Но, ова не е едноставна приказна за судир со санта мраз и тонење. Тоа е совршена бура од вонредни фактори споени заедно: оган, мраз и кривична небрежност“ – изјавува Молони за „The Times“.

https://www.youtube.com/watch?v=qLaJmvKebJo

Треба да се нагласи дека официјалните лица отсекогаш знаеле дека имало пожар на Титаник, оган кој тлеел во бункерот односно складот за јаглен број 6 откако бродот го напуштил Белфаст во Северна Ирска и се упатил кон Саутемптон на јужниот брег на Англија.

Сепак, влијанието на огнот било минимизирано во оригиналната истрага за несреќата.

Она што е ново, се фотографиите кои покажуваат црни дамки на трупот, неодамна најдени како дел од приватна аукција, па Молони сугерира дека ова оштетување е клучно во потонувањето.

Темните дамки кои Молони ги забележал на фотографиите се блиску до бункерот број 6 и до местото каде што ледениот брег најсилно удрил.

Во својот документарен филм, Молони тврди дека оганот ги загреал преградите на трупот до 1.000 степени Целзиусови, што значи дека тие немале никакви шанси против навалата од блокот на мраз.

„Имаме експерти за металургија, кои ни кажуваат дека кога ќе го добиете тоа ниво на температура на челик, тој станува кршлив и неговата сила се намалува до 75 проценти“ – вели Молони.

https://www.youtube.com/watch?v=GrCE73rBfuM

Постои уште еден доказ за оваа хипотеза, кој првично бил предложен од инженерот Роберт Есенхај од Државниот универзитет во Охајо во 2004-тата година.

Отсекогаш сме знаеле дека Титаник се движел побрзо отколку што требало кога удрил во ледениот брег, но никој досега не бил сигурен зошто. Есенхај смета дека тоа може да е резултат на напорите на морнарите да го изгаснат оганот.

Доколку екипажот фрлал јаглен од бункерот во котелот на парниот мотор за да се обиде да се ослободи од изворот на огнот, тогаш бродот би ја забрзал својата брзина.

Во 2008–та година, прашањето за пожарот повторно било поткренато. Овојпат авторот и истражувач Рој Бостон сугерирал дека пожарот започнал за време на тестирањата за брзина уште пред бродот да го напушти Саутемптон, но дека пламенот се´уште не бил изгасен пред своето прво патување.

titanic-2

Со новите фотографски докази и сведоштва од морнарите во тоа време, Молони прави еден огромен случај, но не сите се согласуваат со неговите заклучоци.

„Со сигурност имало пожар. Почнал со испловувањето во средата и не го изгаснале се до саботата, па мора да бил доста голем. По мое мислење тој не направил никаква разлика. Само ни покажува дека дури и по толку години, овој брод се´уште ни кажува нови работи кои предизвикуваат љубопитство. Тој е апсолунтно фасцинантен“ – изјавува поранешниот секретар на британското општество за Титаник, Дејвид Хил, за „The Times“.

Поддржете ја нашата работа: