Ракот е ужасна болест која го пореметува животот и на лицето заблено од рак, но и на неговото семејство.
За среќа, во ерата на големи истражувања во врска со оваа болест, сѐ повеќе луѓе успеваат да го победат ракот и да покажат дека со ракот може да се живее наместо да се умре.
Во новото видео на „Big Think“, со наслов „Два нови третмани за рак кои повторно им ја враќаат надежта на болните“, д-р. Дејвид Агус објаснува два револуционерни третмани за рак кои потенцијално би можеле да ги елиминираат сите видови на рак.
Првиот третман, познат како имунотерапија беше успешно тестиран на поранешниот американски претседател Џими Картер. Кога ќе се појави ракот во телото, тој испраќа сигнали со кои го спречува имунолошкиот систем да го препознае и да го уништи. Новиот третман го блокира овој сигнал и му овозможува на имуниот систем да ги нападне клетките на ракот. Имунотерапијата покажала извонредни резултати кај меланомата, ракот на бубрезите и кај некои типови на рак на белите дробови. Според д-р. Агус, имунотерапијата го учи имуниот систем како да ја искористи својата моќ за да може да го нападне ракот многу почесто од конвенционалната хемотерапија.
Втората терапија е позната како персонализирана терапија. Тоа значи дека ако имате рак, докторот може да земе дел од него и да направи секвентирање на ДНК за да види кои гени се „вклучени“, а кои се „исклучени“. Целта на овој третман е да се развие третман што ќе ги исклучи гените кои се одговорни за тој вид на рак.
„Немаме лекови со кои ќе ги исклучиме сите гени, но може да ја секвентираме ДНК на ракот и да развиеме персонализирана терапија за пациентот“- вели д-р. Агус во видеото. Ракот е нешто што телото го создава, а не го добива, вели тој.
Оваа филозофија претставува нов начин да и се пристапи на болеста и ги охрабрува докторите да ја таргетираат и да ја третираат на многу поефикасен начин.