Новото нинтендо ќе може да се игра и дома и надвор?

Веќе долго време се шпекулира дека новото нинтендо, тн. „Nintendo NX“, ќе претставува некаков вид на пренослива конзола (терминал со тастатура и видеодисплеј), но во јавноста никогаш не беа објавени никакви детали. Сега, едно известување од „Eurogamer“ најголемата веб страница за гејмање во Европа ни открива нешто повеќе за тоа.

Според сајтот, рачниот уред ќе користи картриџи за своите игри, но исто така и ќе поддржува дигитални преземања, слично како „Nintendo 3DS“. Интересниот дел е тоа што ќе може да се игра и дома и надвор.

Додека сте надвор, нинтендото ќе функционира како рачна конзола со сопствен екран, но наводно ќе има секции за контролорите од двете страни на екранот, така што контролорите ќе може да се приклучуваат и исклучуваат од двете страни по потреба.

Потоа, кога ќе дојдете дома, може да го поврзете системот со вашиот телевизор 9преку т.н. Основна единица или док-станица) и да уживате во игрите на голем екран.

Во изветувањето се укажува на тоа дека уредот ќе користи процесор „Tegra“ на „Nvidia“ што значи дека ќе биде прилично моќен. Засега, овие информации остануваат само гласини, се додека компанијата не објави официјални информации пред официјалното претставување на новото нинтендо, кое е закажано за оваа есен.

Поддржете ја нашата работа: