Nvidia наскоро со нови графички карти на пазарот

Volta, Ampere и сега Turing. Изгледа Nvidia помина низ неколку имиња без вистински планови за лансирање на производ кој ќе ги носи истите називи. Поминаа две години од лансирањето на моменталната архитектура, што претставува јасен знак колку е мала конкуренцијата на графичката сцена. Погледнете само колку Интел процесори се излезени во 2017 годиназа да се натпреваруваат со AMD.

Новите информации нам ни даваат до знаење дека Nvidia ги известила своите партнери дека ќе почнат да добиваат нови чипови и меморија за нив почнувајќи од 15ти јуни за да имаат време да ги припремат картиците за лансирање, кое се очекува некаде во август или септември.

Неофицијално Nvidia се спрема за лансирање на нејзините Founders Edition картички нешто порано, односно во јули, но како и минатиот пат најверојатно ќе чинат повеќе од верзијата која ќе ја нудат нејзините партнери.

Исто така возбудлива е и веста дека новите 1180 картички би требало да бидат за 50% посилни од сите претходници.

Се надеваме дека “копачите” на криптовалути нема да ги купат наеднаш сите картички на денот кога истите ќе излезат на пазарот. за да им се овозможи на “гејмерите” простор за купување графичка картичка по реална цена.

Поддржете ја нашата работа: