Биткоинот, најпознатата светска криптовалута за првпат во последните девет месеци го премина прагот од 7.500 долари. Во текот на вчерашниот ден достигна и 7.200 долари, поставувајќи нов годишен максимум.
Растот на Биткоинот трае веќе неколку дена во континуитет без поголеми скокови или падови, што добар показател за натамошниот развој.
Дури и негативните вести за хакерството на размената на Бинарси, не го спречија позитивниот раст. На патот кон новиот годишен максимум, потпомогнаа дологорочните профитабилни позиции кои купувачите имаа поставено верувајќи во враќањето на биткоинот.
Биткоинот е во консолидација, аналитичарите прогнозираат следната тешка пречка е вредноста од 8.000 долари.
Општо земено, од почетокот на мај, криптоваленцијата се зголеми за 35%. Заедно со биткоинот евидентиран е раст и кај првите пет криптовалути Етериум, Рипл, Биткоин кеш и ЕОС.