Здружението за социјални иноваци „АРНО“ и оваа година распишува конкурс за идеи/проекти за зелени бизнис идеи, кои промовираат традиционална изработка на производи, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
Пријавата за учество е достапна на www.arno.org.mk и може да се пополни до 20 јуни, 2016 година.
„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.
Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар со најразлични зелени бизнис идеи: од 3D принтер кој користи биоразградлива пластика, идеи за отварање работни места преку разни иницијативи (тури со велосипеди, гледање птици, берење и продажба на чаеви), до накит од рециклирана пластика, мебел од палети, еко- фарми и други.
Претставниците кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 долари за реализација на идејата во своите земји.
Преземено од: РАДИО МОФ