Облаци од прашина на месечината

Ова беше потврдено од страна на Национална аеронаутичка и вселенска администрација во Соединетите Американски Држави (НАСА), врз основа на најновите податоци собрани од страна на Американската автоматска станица „LADEE“ (Lunar Atmosphere and Dust Environment Explorer).

Овие облаци што истражувачите ги откриле, се составени од мали честички на Месечевата почва, израснати во „воздух” од падот на комети и астероиди на површината на природниот сателит на Земјата. НАСА истакна дека иако одамна се  претпоставува постоењето на облаци од прашина во атмосферата на Месечината, најновите податоци за прв пат ја потврдуваат.

Утврдувањето на присуството на облаци од прашина на Месечината е прекрасен подарок од „LADEE“,  изјави еден од учесниците во студијата, професор по астрофизика на Универзитетот во Колорадо, Михаи Хорани. „Ние сега може да ги искористиме овие забелешки во анализирањето на други безвоздушни планетарни објекти како што се сателитите и астероидите “.

Друг учесник во проектот „LADEE“, Рик Елфик објасни дека Месечината,  исто како Земјата, се соочува со голем број на мали космички објекти. Меѓутоа, на Земјата тие горат во густата атмосфера на планетата, додека обвивката на Месечината не претставува вистинска пречка за нив, и тие во случај на удар со голема брзина предизвикуваат емисии на прашина.

Ова ново откритие предизвика голем интерес кај научниците кои се занимаваат со проучување на Месечината, но за жал се’ уште не ја објаснува мистериозната појава – сјајот на Месечината на хоризонтот пред изгрејсонце, појава забележана од американските астронаути кои учествувале во мисијата “Аполо” во 1960 година и 1970-тите.

Тогашните облаци биле составени од поголеми честички, и нивната густина била премногу ниска, така што тие можеле да се видат”, објаснува Хорани.

„LADEE“ мисијата заврши во април минатата година.  Уредот бил лансиран во вселената на 6 септември 2013 година и со брзина од околу 5,8 илјади километри на час удрил во површината на Месечината и може да исчезне целосно. Главната цел била да се проучи атмосферата и прашината на површината на Месечината. Проектот е уникатен по тоа што опсервациите ги врши со помош на ласерски комуникациски технологии.

 

Поддржете ја нашата работа: