Од што се плаши пумата? Научниците го кажаа одговорот

Пумата (Puma concolor), исто така позната како кагуар или планински лав, во зависност од регионот, е цицач од фамилијата Мачки, која живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка.

Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна ѝ се копитарите како еленот, муфлонот, како и домашно говедо, коњи, овци, пред се во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодари. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волкамериканската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето.

Една студија од Универзитетот во Калифорнија покажува дека пумата бега штом слушне човечки глас.

“Луѓето кои живеат во тие предели често велат дека планинските лавови повеќе се исплашени од нас отколку ние од нив. Но, тоа до сега, ниту еднаш не било научно докажано”, вели професор Крис Вилмерс.

Научниците направиле вкупно 29 експерименти со 17 различни пуми. Откриле дека овие животни во 83% од случаевите бегаат кога се изложени на човечки глас.

Лин Каленс, директор на Фондацијата за планински лавови, се надева дека ова истражување ќе помогне во намалување на стравот кај луѓето и во развивање начин на кој пумите ќе се спречат да доаѓаат во населени места.

Поддржете ја нашата работа: