Одгледувањето компири на Марс е возможна мисија

Изгледа дека филмот Марсовец долови една вистина: компир може да се одгледува на Марс, пишува Mashable. Односно, таа можност во најмала рака изгледа ветувачки според резултатите од експериментот на Меѓународниот центар за компир (CIP), кој постои верувале или не.

Не, не испратиле компир во вселената. Го ставиле во херметички затворен CubeSat кој е наполнет со земја со најблизок состав на почвата на Марс, а доставена е од Перуанската пустина. Потоа ја прилагодиле темературата, притисокот на воздухот, кислородот и јаглерод диоксид на ниво на Марс. Целиот проект потекнува од Универзитетот за инженерство и технологија (UTEC) од Лима во Перу, со помош на Центарот за истражување на НАСА.

“Одгледувањето на култури под услови слични на Марс е важна фаза во овој експеримент. Ако културите можат да издржат екстремни услови кои се изложени во CubeSat, имаат добра шанса да растат на Марс. Ние ќе направиме неколку експерименти за да дознаеме која сорта на копир е најдобра, вели Хулио Валдивиа Силва, истражувач од проектот.

Поддржете ја нашата работа: