Откриен досега најстар фосил на печурка

Пред приближно 115 милиони години, кога се распаѓал древниот суперконтинент Гондвана, една печурка паднала во река и го започнала своето неверојатно патување. Реката ја однела печурката во лагуна, каде потонала, по што била прекриена со слоеви од седимент. Нејзината конечна судбина како минерализиран фосил, сочуван во варовник во североисточен Бразил претставува научно чудо, се вели во извештајот од американските научници објавен во списанието  „PLOS ONE“.

Денес тоа е најстарото сочувано плодоносно тело од печурка фосилизирано во камен. До сега познатите фосилизирани тела од печурки се зачувани во килибар, објаснуваат нучниците, на чело  со Сем Хедс од Универзитетот на Илиноис во Урбана, кои ја откриле печурката додека вршеле дигитлизација на  примероци собрани од Крато формацијата во Бразил.

„Повеќето печурки растат и исчезнуваат во рок од неколку дена. Тоа што оваа печурка е воопшто сочувана претставува вистинско чудо“– вели Хедс.

Печурката е висока околу пет сантиметри и ги  има карактеристичните „шешир“ и дршка. Анализите покажале дека под шеширот имала ламели, наместо пори – структури кои испуштаат спори и се од помош при идентификација на видовите.

Научниците ја поставиле печурката во редот „Agaricales“ и ја нарекле „Gondwanagaricites magnificus“.

 

 

 

Поддржете ја нашата работа: