Откриен фосил на диносаурус кој бил поголем од Т-Рекс

Научниците откриле фосилни остатоци од огромен диносаурус, месојад кој живеел на северот на Италија пред 198 милиони години, чиј живот и смрт биле премногу впечатливи.

Saltriovenator zanelai бил долг околу 7,5 метри, а тежел најмалку еден тон, што значи дека во времето кога живеел бил најголемиот диносаурус воопшто.

И неговата смрт била впечатлива.

Откако изумрел, неговото тело некако стигнало до морето и потонало на дното, каде со неговите остатоци со години се хранеле многу морски животни, пред да се претвори во фосил.

На неговите коски се пронајдени траги кои најверојатно ги оставиле ајкули и други риби како и траги од морски ежови и мали дупчиња кои ги направиле морските црви.

“Овој примерок е единствен”, вели Кристијано Дал Сасо, палеонтолог од Природонаучниот музеј во Милано, кој е лидер на истражувањето чии резултати се објавени во стручното списание PereJ.

“Во научната литература се споменуваат некои коски од диносаурусот кои ги глодале копнени животни како други диносауруси и поретко инсекти. Најмалку три вида морски животни оставиле траги на коските од диносаурусот”, објаснува Кристијано.

Saltriovenator, кој ги обединува одликите на неразвиените диносауруси, месојади и оние кои се развиени. Овој диносаурус е втор по ред кој е откриен во Италија.

Saltriovenator – во превод ловец од Салтрија, бил двоножно животно со оштри заби. На предните екстремитети имал по четири прсти од кои три со канџи. Доживеал 24 години со нецелосна развиеност. Живеел во крајбрежна област која наликува на денешните Кариби и веројатно ловел тревопасни диносауруси кои биле многу помали од него.

Поддржете ја нашата работа: