Откриен фосил на голем лилјак во Нов Зеланд

Археолозите овој пат пронашле фосили од изумрен лилјак, кој бил три пати поголем од денешните.

Фосилизираните остатоци од џиновскиот лилјак кој живеел пред повеќе од 10 милиони години на територијата на Нов Зеланд, неодамна се откриени на Јужниот остров.

Научниците потврдуваат дека коските и забите на овие изумрени животни се дури три пати поголеми од оние што можат да се видат на денешните просечни лилјаци. Лилјакот имал тежина од околу 40 грама и не само што летал, туку и одел на сите четири нозе, додека бил во потрага по храна.

Остатоците се пронајдени во карпи, кои се стари меѓу 16 и 19 милиони години, во близина на рударскиот град St. Bathans. Професионалниот тим на меѓународни археолози, ова место го истражува веќе 15 години. Нивното големо откритие беше објавено оваа недела во научното списание Scientific Journal.

Овој лилјак е наречен Vulcanops jennyworthyae, според Jenny Worthy , член на научниот тим која ги пронашла фослите и според Вулкан, митолошкиот римски бог на оганот. Интересно е дека помалку познатото име на лилјакот – netopira, е изведено од грчи јазик, што во превод значи “крилести раце”.

Големите заби на овој џиновски лилјак говорат за тоа дека истиот се хранел со разноврсна храна во однос на неговите денешни австралиски роднини.

“Неговите специјализирани заби и големото тело ни покажуваат дека се хранел со разни нешта, од растенија до мали рбетници, слично како јужно-американските роднини”, објаснува проф. Сју Ханд од Универзитетот во Нов Јужен Велс. “Тоа не е случај денес кај нашите австралиски лилјаци”, додава таа.

Тоа е првата нова раса на лилјаци, која е додадена на листата на фауната во Нов Зеланд во текот на изминатите 150 години.

Пред околу 50 милиони години, оваа област била дел од јужниот суперконтинент Гондвана. Меѓутоа, со разделување на огромната копнена маса, со ладење на климата и растот на ледената покривка на Антарктикот, Австралиските лилјаци останале изолирани од нивните јужноамерикански роднини.

Поддржете ја нашата работа: