Калифорниската компанија на Илон Маск SpaceX, соопшти дека јапонскиот милијардер Јусаку Маезава (42) ќе биде првиот светски приватен патник за пат околу Месечината на ракета со кодно име BFR.
„Ќе патувам на Месечината“, вели Маезава.
Во вселената би требало да го однесе ракетата BFR (Big Falcon Rocket), која Маск во јавност ја прикажа во 2016 година. Мисијата е испланирана за 2023 година, и тоа ќе биде првата приватна посета на Месечината.
Ракетата е замислена како меѓупланетарен борд за праќање на луѓе во вселената, BFR (Big Falcon Rocket) е ракетен систем темелен на комбинација од ракета и вселенски брод наречен BFS – Big Falcon Spaceship.
Маск минатата година најави дека главната ракета ќе биде опремена со 31 главни Raptor мотор и дека ќе може во првата фаза да пренесува 150 тони товар во Земјината орбита, а во втората 100 патници на Марс.