Откриен неверојатен 1000 километарски корален гребен во реката Амазон

Меѓународен тим на истражувачи откри неверојатен корален гребен долг 1000 километри во утоката на реката Амазон. Ова откритие докажува дека без оглед на тоа колку добро мислиме дека сме ја мапирале површината на нашата планета, се’ уште има многу тајни кои допрва ќе ги откриваме.

Ова откритие доаѓа во време кога речиси ја изгубивме надежта за коралните гребени насекаде низ светот, со оглед на тоа што минатата недела научниците објавија дека 93% од Големиот Корален Гребен е оштетен и голем дел можеби нема да се опорави. Тоа значи дека откривањето на нов корален гребен кој се протега од јужниот дел на француска Гвајана до сојузната држава Марањао во Бразил е навистина добра вест. Но, како научниците досега не го откриле?

Причината е тоа што утоката на реката Амазон е каллива и по малку, па да речеме хаотична. Се смета дека околу една петина од водата што тече во реките и океаните на Земјата секојдневно се излева тука, со што доаѓаат и отпадот и органските материи кои се собираат по должината на реката низ дождовните шуми на Јужна Америка.

shutterstock_99469781_webНаучниците разгледувале едно истражување од 1977 година кое при кое биле откриени риби и сунѓери во устата на Амазон, кои биле уникатни за тропската флора и фауна каква што има на Карибите и воедно укажувале на постоење на корални гребени. Но, тогаш никој не обрнал внимание на тоа откритие бидејќи никој не очекувал дека на тоа место може да постојат корални гребени.

Истражувачите и овој пат не биле таму за да бараат корални гребени, туку за да го истражуваат влијанието на тињата и апсорпцијата на јаглероден диоксид во океанот. Но, за да добијат одобрување да го проучуваат устието на реката, морале да вклучат бразилски океанографи во своето истражување и токму тие покренале иницијатива за коралните гребени.

Овој новооткриен корален гребен е всушност најсеверниот познат гребен во Бразил. Научниците се изненадени од фактот што воопшто постои, со оглед на тоа што тињата и калот од Амазон ги спречуваат сончевите зраци во поголемиот дел од времето.

Најверојатно биологијата на гребенот се менува во зависност од локацијата, но се’ уште треба да се направат повеќе истражувања за да се утврдат видовите кои живеат во овој гребен.

Истражувањето е објавено во „Science Advances“, а нешто повеќе за ова откритие може да прочитате и на следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: