Откриен нов вид на тарантула

Во националниот парк Kaieteur во Гвајана, научниците откриле 30 нови видови на животни, меѓу кои се наоѓа и необичната сина тарантула.

Овој национален парк е познат по своето богатство на растителен и животински свет. Помеѓу новооткриените видови се наоѓаат 6 видови на риби, 15 водни бубачки, и едно растение.

Од пронајдените видови за научниците најинтересна е тарантулата со необична сина боја. Според досегашните податоци на светот постојат 40 видови сини пајаци. За научниците и понатаму останува мистерија поради што ја добиле таквата боја. Поголемиот дел од нив се согласуваат дека парењето не игра никаква улога на бојата.

Некои претпоставуваат дека сината боја има важна улога во визуелната сигнализација, не кон другите тарантули, туку кон припадниците на други видови. На одреден начин бојата им служи како заштита. Имено, експертите мислат дека таквата боја им помага да се сокријат од предатори за време на ноќта.

Поради својата природа и сочуваниот еко систем овој регион е познат по тоа што во него живеат видови кои се загрозени од изумирање, како на пример, два вида на жаба и јагуар.

Гвајана припаѓа во една од најважните држави во светот кога станува збор за зачувување на биодиверзитетот, бидејќи голем дел од неговата површина е покриена со шуми во кои се наоѓаат диви животни и растенија кои не можат да се најдат на ниту едно друго место во светот.

Ова откритие се случува кратко време по објавувањето на вториот тип на сина тарантула позната како Poecilotheria Metallica, која покрај самата боја има и бели ленти. Тој пајак може да се најде само во областа на Индија наречена Андра Прадеш. И овој вид тарантула спаѓа во загрозени видови, бидејќи се наоѓа на само едно место и поради падот на квалитетот на животната средина во која живее.

Поддржете ја нашата работа: